Линкови за пристапност

Парите покорисни за гладните отколку помошта во храна


Нова студија сугерира дека меѓународната помош за гладните некогаш е поефикасна ако се дава во готовина.

Наодите на нова студија дека меѓународните хуманитарни програми попрво може да стасаат до гладните луѓе преку готовина, отколку во помош со храна, доаѓа во време кога Конгресот разгледува закон со кој се заштитува буџетот за помош во храна во висина од две милијарди долари.

Авторите на студијата сепак додаваат дека нема „правилен“ начин да се достави помошта и дека флексибилноста е клучот.

Од 1950-те наваму, американската помош во храна им помогнала на преку три милијарди луѓе во над 150 земји, според податоците на Американската агенција за меѓународен развој.

Помошта во голем дел доаѓа во форма на добра како житарки, пченка, соја или растително масло.

Земјоделците кои на ова работат се чувствуваат особено горди за учествувањето во овие програми. Но храната може да се најде локално и за помала цена отколку оваа пристигната од преку океанот.

Критичарите на иницијативата додаваат дека она што на луѓето навистина им недостасува во услови на криза, се пари за си купат храна за себе.

Токму затоа, донатори од Европа поддржуваат поддршка во готово и локално снабдување со храна, наспроти помош во храна.

И обете страни тврдат дека се во право, вели економистот Џон Ходинот при Меѓународниот институт за истражување на политиката за храна, но ниту една од нив нема доволно докази да ги поддржи своите ставови.

Затоа, Ходинот со тим колеги во Светската програма за храна, ги проучувале проектите за помош во храна во четири различни земји: Еквадор, Уганда, Нигер и Јемен.

Во секој од проектите, на оние на кои им била потребна храната, добиле или продукти или готовина. За потребите на студијата биле проучувани и квалитетот на храната, се мереле калориите, но и квалитетот и разновидноста на оброците што луѓето во овие земји ги земале. Била пресметана и цената за достава на таа помош.

Откриле дека готовината било поефтино да се достави, за разлика од храната.

Но, и покрај тоа Ходинот подвлекува дека сакале јасно да стават до знаење дека резултатите од студијата не сугерираат дека во секоја ситуација треба да се обезбедува помош во готово.

Зависи од тоа што е целта на програмата.

Во Еквадор на пример, луѓето кои добиле помош во храна добиле и повеќе калории, но понеразновидна храна, за разлика од оние кои добиле готовина или ваучери. Спротивна ситуација е регистрирана во Нигер.

„Луѓето кои добивале готовина всушност купувале големи количини на житарки“, вели Ходинот.

Помошта во храна од друга страна, значела поразновидна исхрана.

Во секој случај, заклучува овој експерт, и САД и ЕУ би имале корист од пофлексибилен пристап на помошта во храна.

Минатата година САД потрошиле околу 200 милиони долари во готово и ваучери, од вкупниот буџет за таа намена од околу две милијарди долари. Конгресот разгледува легислатива што би дозволила нешто поголема флексибилност.

Одредени земјоделци, доставувачи, процесирачи на храна и одредени хуманитарни групи, се против поголеми промени во американската политика за помош во храна.

Легислативата е дел од поопсежниот Закон за земјоделие. Преговарачи од Претставничкиот дом и Сенатот наредната недела треба да започнат работа за надминување на разликите меѓу нивните верзии.
XS
SM
MD
LG