Линкови за пристапност

Одложена пресудата за Флин


Судијата истакна дека ова е многу сериозен прекршок, и оти со него поранешниот национален советник за безбедност практично ја издал државата

Судијата ја одложи пресудата за поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп Мајкл Флин, откако претходно го укори оти лажел пред ФБИ за неговите контакти со Русија, неколку недели пред Трамп да ја презеде власта во 2017-та година.

„Не можам да ги кријам презирот и разочарувањето“, рече судијата Емет Суливан за однесувањето на Флин, по што го прифати барањето на неговите адвокати да ја одложи пресудата.

Флин призна дека бил свесен оти сторил кривично дело со тоа што ги лажел истражителите за неговите контакти со поранешниот руски амбасадор во САД.

Судијата истакна дека ова е многу сериозен прекршок, и оти со него Флин практично ја издал државата.

Специјалниот советник Роберт Мулер предложи Флин да не биде затворен поради суштинската соработка во истрагата за поврзаноста на Русија со кампањата на Трамп во 2016-та година.

Но, Суливан рече дека не може да гарантира дека Флин ќе одбегне затворска казна кога ќе се донесе пресудата во наредните месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG