Линкови за пристапност

Одделот за правда на САД го повлече обвинението против Флин


Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп беше обвинет при истрагата за руското мешање во претседателската кампања во 2016 година

Одделот за правда на САД го повлече обвинението против поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, чиј случај беше покренат како дел од истрагата за руското мешање во претседателската кампања во 2016 година.

„Владата одлучи дека продолжување на обвинението во овој случај нема да им служи на интересите на правдата“, рече обвинтелот надлежен за главниот град Вашингтон Тимоти Шиа, во документ од 20 страници испратен до судот.

Трамп и неговите помошници претходно изјавија дека пензионираниот генерал Флин е жртва на политички прогон, додека демократите велеа дека тој е извршител на претседателот Доналд Трамп, кој имал тајни контакти со руски дипломат, за што лажел пред ФБИ и официјални лица на Белата куќа, меѓу кои потпретседателот Мајк Пенс.

Флин се изјасни за виновен во 2017 година, оти лажел пред агенти на ФБИ за низа разговори со тогашниот руски амбасадор во Вашингтон Сергеј Кислијак, во врска со санкциите на администрацијата на Обама за време на претседателската транзиција на Трамп во декември 2016 година.

Иако Трамп го отпушти Флин поради лажење за контакти со рускиот амбасадор, во многу наврати рече дека е добар човек, укажувајќи и на можно помилување.

Тој вчера рече дека обвинителите му предизвикале болка на пензионираниот генерал.

„Тој беше невин човек. Сега, во мојата книга, тој е уште поголем воин“, рече Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG