Во Вашингтон денес ќе му биде изречена пресуда на поранешниот американски советник за национална безбедност, Мајкл Флин кој е обвинет дека лажел пред ФБИ во врска со неговите контакти со руски дипломат.
Окружниот судија Емет Саливан ќе одлучи дали Флин ќе треба да отслужи затворска казна, и покрај тоа што специјалниот советник Роберт Мулер кажа дека казната не треба да вклучува затвор врз основа на „значителната“ соработка на Флин со обвинителите.
Мулер го истражува мешањето на Русија во американските избори во 2016-та година и можната соработка меѓу Русија и кампањата на претседателот Доналд Трамп.
Флин е првиот од петте поранешни соработници на Трамп кои се изјаснија за виновни пред истражителите.
Facebook Forum