Поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, се изјасни виновен оти лажел пред федералните истражители за неговите контакти со рускиот амбасадор во САД.
Флин денес пристигна во судот во Вашингтон, каде призна дека лажел за приватен разговор со рускиот амбасадор Сергеј Кислијак.
Судскиот документ покажува разговор фокусиран на санкциите на САД кон Русија, воведени од страна на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.
Изјаснувањето за виновен, е индикација за соработка во истрагата предводена од специјалниот советник Роберт Мулер, за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016-та година, и можна поврзаност на кампањата на Трамп.
58-годишниот пензиониран генерал беше принуден да даде оставка како советник за национална безбедност на Трамп, помалку од два месеца од изборот на Трамп за претседател.
Facebook Forum