Во едно ново истражување се вели дека дебелината може да биде причина за пренесување на вирусот кој предизвикува грип. Во една студија спроведена во Манагва, Никарагва, возрасните и дебели лица го шират но, и задржуваат вирусот на грип значително повеќе од оние кои не се дебели. Резултатите имале значителни последици, имајќи го предвид порастот на дебелината во светот, кој речиси тројно се зголемил од 1975-та година, според Светската здравствена организација (СЗО).
Епидемиологот Аубри Гордон од Универзитетот во Мичиген ја пронашол корелацијата помеѓу дебелината и вирусот на грип уште пред девет години. Гордон објаснила дека за време на пандемијата на грип во 2009-та година, станало јасно дека дебелите лица се изложени на поголем ризик од тешка врста на грип. Неодамна, пак, некои студии покажале дека дебелите лица помалку или воопшто не реагирале на вакцината против грип.
Гордон соработувал со Министерството за здравство во Никарагва во тригодишната програма за истражување во која биле опфатени 1.783 лица од 320 домаќинства. Истражувачите ги посетиле домовите каде најмалку еден член бил пријавен со симптоми на грип. Истражувачите собирале примероци на секои неколку дена во времетраење од две недели, следејќи ги заразените и другите лица во домот кои се согласиле да се запишат во студијата.
Кога Гордон и нејзините колешки ги анализирале примероците, тие биле изненадени од разликата помеѓу дебелите и не-дебели луѓе. Разликата била 42 проценти повеќе застапена кај дебелите лица.
Дебелите лица имаат намален имунолошки систем, што е причина за ваквите резултати. Но, научниците наметнале строги контроли, испитувајќи ги само оние возрасни кои биле заразени, но имале само неколку симптоми.
„Кај лицата кои се болни или немаат никакви симптоми - или можеби пак имаат само еден помал симптом, дебелите возрасни лица сепак подолго го носат овој вирус отколку послабите лица“, вели Гордон.
Гордон додаде: „Мислам дека ова е уште еден доказ дека дебелите лица навистина имаат изменет имунолошки систем и имаат проблеми со потенцијално лечење на инфекцијата, што може да доведе до поголеми проблеми.“
Нихил Дурандар, претседател на Универзитетот за исхрана во Тексас, предупредува дека истражувањето ќе продолжи и во иднина.
Заклучокот на истражувањето за жал е дека „дебелината е растечка епидемија“, и преставува голем проблем во светот.
Facebook Forum