Главниот правобранител на САД Мерик Гарленд најави дека отворил истрага во полицискиот оддел во Минеаполис, ден откако поранешниот полицаец Дерек Шовин беше прогласен за виновен за смртта на Џорџ Флојд.
„Одделот за правда отвори граѓанска истрага да се утврди дали полицискиот оддел во Минеаполис применува неуставна или незаконска полициска контрола“, рече тој.
Гарленд додаде дека новата истрага е независна од федерална кривична истрага за смртта на Флојд, која предизвика протести во САД и во светот против полициската бруталност и расизам.
„Цврсто верувам дека добрите полицајци не сакаат да работат во систем кој дозволува лоши практики“, рече Гарленд.
Претходно, Одделот за правда отвори истрага за тоа дали полицајците вклучени во смртта на Флојд ги прекршиле неговите граѓански права.
Facebook Forum