Линкови за пристапност

Џорџ Флојд починал од срцева болест и употреба на дрога, велат адвокатите на полицаецот обвинет за убиството на Афроамериканецот


Денес е трет ден судење за полицаецот Дерек Човин, кој со колено го притискаше вратот на Флојд минатиот мај

Денес продолжува судењето за Дерек Човин, полицаецот обвинет за смртта на Џорџ Флојд, со сведочење на пожарникарката на која не ѝ било дозволено да му помогне на Флојд.

Таа е една од неколкуте лица кои вчера сведочеа за нивната фрустрација и гнев гледајќи како Човин го притиска Флојд со колено на врат пред продавница минатиот мај.

Обвинителите велат дека Човин го притискал вратот на Флојд девет минути и 29 секунди. Полицаецот се соочува со обвинение за убиство, за кое тој се изјасни дека не е виновен.

Одбраната на Човин изјави дека тој ја следел обуката предвидена за такви ситуации, и оти други фактори, како срцева болест и употреба на дрога биле причина за смртта на Флојд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG