Вооружен полицаец кој бил на должност во средното училиште во Флорида каде напаѓач неодамна уби 17 лица, си поднел оставка, откако полицијата откри дека не сторил ништо за да го спречи нападот.
Шерифот на округот Бровард, Скот Израел, изјави дека поцицаецот Скот Петресон, требало да влезе во училиштето.
„Не е важно кој влегува прв, не е важно по кој ред се влегува. Кога го спроведуваме законот и кога имаме активен напаѓач, треба да влеземе и да се справиме со ситуацијата. Тоа требаше да биде сторено“, изјави Израел.
Тој додаде дека го суспендирал полицаецот, но тој самиот одбрал да поднесе оставка.
Во исчекување на дополнителни информации од истрагата, двајца други полицајци биле прераспоредени на извршување ограничени задачи.
Напаѓачот Николас Круз, инаку поранешен ученик во училиштето, е обвинет за 17 точки за убиство со умисла.
Facebook Forum