Линкови за пристапност

Флорида се подготвува за ураганот Идалија


Тропската бура Идалија имаше максимален ветер веднаш под прагот на јачината на ураганот на 29 август 2023 година.
Тропската бура Идалија имаше максимален ветер веднаш под прагот на јачината на ураганот на 29 август 2023 година.

Граѓаните во сојузна држава Флорида за в среда се подготвуваат за пристигнување на, според синоптичарите, голем ураган.

Идалија ја достигна јачината на ураганот рано денеска, при што Националниот центар за урагани соопшти дека очекува бурата брзо дополнително да се интензивира во текот на денот.

Предупредувањата за урагани беа на сила на голем дел од брегот на Заливот на Флорида, вклучувајќи го и градот Тампа.

Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис предупреди на „големо влијание“ врз државата и прогласи вонредна состојба во 46 окрузи. Властите ги предупредија луѓето во 21 округ да се евакуираат пред пристигнувањето на бурата.

Претседателот на САД, Џо Бајден, кој телефонски разговараше со ДеСантис во понеделникот, одобри вонредна декларација за сојузната држава.

Флорида мобилизираше 1 100 членови на Националната гарда да се подготват за напорите за спасување и закрепнување.

Пред да се приближи до Флорида, ураганот Идалија предизвика поплави во западна Куба.

XS
SM
MD
LG