Стотици ученици денес ќе протестираат во главниот град на Флорида, Талахаси, со цел да ги повикаат законодавците да донесат мерки за контрола на оружјето. Иницијативата уследио по минатонеделното масовно убиство во средно училиште во Флорида.
Учениците велат дека отфрлањето на нацрт-законот за забрана на оружје, нема да ги спречи во нивната борба за ставање крај на ваквото насилство.
Републиканците ги обвинија демократите дека го форсираат ова прашање, особено откако 19-годишниот Николас Круз, наводно во масакрот во средно училиште во Флорида, го користел оружјето АР-15, при што усмрти 17 лица.
Учениците во Флорида и во целата држава се револтирани поради негрижата на политичарите да преземат конкретни чекори за стопирање на масовните убиства.
Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска во Белата куќа ќе има средби со родители, професори и ученици, со кои ќе разговара за безбедноста на училиштата.
Учениците планираат голем протест на 24-ти март во Вашингтон, како и во други поголеми градови во државата, под мотото „Протести за нашите животи“.
Facebook Forum