Линкови за пристапност

Законодавците во Флорида усвоија мерка за контрола на оружјето


По гласањето, родител на една од жртвите во средното училиште Паркленд побара од гувернерот да го потпише предлог-законот

Законодавци во сојузната државата Флорида неколку недели по масакрот во локалното средно училиште усвоија нови закони за контрола на оружјето и покрај лобирањето на Националната асоцијација за оружје.

Предлог законот забранува продажба на технички додатоци кои ја зголемуваат моќта на оружјето, се зголемува минималната возраст за можноста за купување пушка, од 18 до 21 година, со исклучок на припадниците на армијата и спроведувачите на законот. Со предлогот, исто така е наведено дека е потребно тридневен период пред продажба на оружје.

Покрај тоа, мерката им овозможуваат на обучените вработени во училиштето да носат оружје.

По гласањето, родител на една од жртвите во средното училиште Паркленд побара од гувернерот да го потпише предлогот, и да постане закон.

Прифаќањето на мерката дојде на истиот ден кога 19-годишен напаѓач беше обвинет по 17 точки за убиство со умисла и 17 други точки за обид за убиство.

На Николас Круз не му беше даден датум за изјаснување по обвиненијата. Тој може да се соочи со смртна казна во случајот. Но, обвинителот не објави дали планира да побара смртна казна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG