Шест лица загинаа при уривање на пешачкиот мост, во кампусот на Меѓународниот универзитет во Флорида.
Најмалку десет лица биле повредени во автомобили, кои во тој момент се движеле на автопатот под мостот.
Марк Мекени, директор на Регионалниот медицински центар за траума, доцна синоќа изјави дека повеќето од повредените се во стабилна состојба, од кои некои се со скрешеници.
Сенаторот од Флорида Марко Рубио, го посети местото на несреќата, по што на неговиот Твитер профил напиша:
„Каблите на мостот биле олабавени, поради што инженерската фирма наредила да бидат затегнати. Но, тие биле затегнати денес, кога се сруши мостот“.
Пешачкиот мост, кој чини 14,2 милиони долари, бил изграден да обезбеди лесен пристап до кампусот за студентите и околната заедница, кои треба да го поминат автопатот со осум ленти за да стигнат до училиштето.
Еден студент бил прегазен од возило минатата година, додека поминувал низ опасниот автопат.
„Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејството и најблиските, и до оние кои се повредени“, изјави деканот на Универзитетот во Флорида Марк Розенберг.
Последната делница од автопатот била изградена само за шест часа минатата сабота, со цел да се избегне попречување на сообраќајот.
Мостот требаше да биде отворен за пешаците следната година.
По несреќата, градежната компанија Munilla Construction Management, на Твитер напиша дека ќе спроведе целосна истрага, но, и оти во истрагата ќе го вклучи и Националниот совет за безбедност во сообраќајот. Советот денес се очекува да отвори истрага.
Facebook Forum