Линкови за пристапност

Флорида изгласа легислатива да го ограничи гласањето по пошта


Активистите велат дека ова е начин на кој оваа републиканска сојузна држава врши притисок и контрола врз гласачите

Флорида изгласа легислатива со која се отежнува пристапот за гласање по пошта, објави Ројтерс.

Активистите велат дека ова е начин на кој оваа републиканска сојузна држава врши притисок и контрола врз гласачите.

Републиканскиот гувернер Рон Десантис се очекува да ja потпише легислативата за да стане закон.

Активистите за заштита на човековите права, велат дека овие закони за притисок врз гласачите ги таргетираат црните, обоените лица и младите гласачи.

Рекорден број од 158 милиони луѓе гласаа на изборите во ноември, дел поради рестрикциите како последица на пандемијата на ковид-19, но, делумно и поради новите правила кои го олеснија гласањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG