Линкови за пристапност

Неколку можни сценарија околу формирањето на идната влада


Неколку можни сценарија околу формирањето на идната влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:27 0:00

„Неизвесноста продолжува. Се` додека не се добијат конечните резултати, тешко е да се предвиди како би изгледала коалиционата влада“, смета Флоријан Бибер, директор на Центарот за студии за Југоисточна Европа при Универзитетот Грац во Австрија

„Најлошо можно сценарио би било продолжување на владеење на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, би било дискредитирано заради скандалот со прислушување. Тоа би значело затворање на сериозните истраги и едноставно продолжување на политиката на далеку од демократско владеење.

Друга опција би била широка коалиција, што според мене ЕУ би ја поддржала или во најмала рака привремена широка коалиција. Сепак, сметам дека таквата констелација не би била стабилна.

Трето, или најдобро сценарио – коалиција меѓу опозицијата и неколку албански партии, што би му дала поддршка на Специјалното јавно обвинителство околу продолжување на истрагите и која би се обидела да го воспостави владеењето на правото и демократизацијата. Ова, секако нема да биде долгорочна и стабилна коалиција, но би била мост додека не се вратат основните демократски принципи.

Постои сценарио и дека нема да има коалиција и повторно организирање на предвремени избори“.

За наводите за можни нерегуларности за време на изборите, овој експерт додаде дека не се изненадување, но според досегашните извештаи не се толку големи колку што се стравувало. Бибер сепак подвлече дека секако, треба да се почека деталната слика.

„Кризата нема да заврши скоро“, истакна овој аналитичар. Без оглед на тоа која влада ќе биде избрана, ќе бидат потребни месеци за воведување на реформи и постапување по истрагите кои се во тек“.

XS
SM
MD
LG