Линкови за пристапност

Во Луизијана се уништени 60.000 домови во поплавите


Федерална агенција за итна помош изјави дека веќе се поделени повеќе од 34 милиони долари помош

Во тек се напори за средување на штетите од катастрофалните поплави во Луизијана, а жртвите продолжуваат да ги чистат и да ги обновуваат домовите.

Поплавите, кои Црвениот крст ги опиша како „ најголема природна катастрофа што ги погодила САД, по страшната бура Сенди“, уништија околу 60.000 домови, а повеќе од 10 илјади луѓе се регистрирале за федерална помош.

Како што продолжуваат напорите за опоравување, Федерална агенција за итна помош изјави дека веќе се поделени повеќе од 34 милиони долари помош.

Претседателот Барак Обама утре ќе го посети главниот град на Луизијана Батон Руж, да ги увиди штетите од поплавите но, како што изјави Белата куќа, сака да осигура дека неговото присуство нема „ да се меша со тековните напори за поправање на штетите“.

XS
SM
MD
LG