Линкови за пристапност

Излевањето на Мисисипи предизвика рекордни поплави


Излевањето на Мисисипи предизвика рекордни поплави
Излевањето на Мисисипи предизвика рекордни поплави

Поплави се проширија низ голема област во рурален североисточен Арканзас, покривајќи фарми, урбани области и автопати, принудувајќи многу луѓе да ги напуштат домовите.

Во Мемфис, Тенеси, растечката река Мисисипи потопи делови од централното градско подрачје, ставајќи во опасност околу 6.000 лица. Реката се очекува да продолжи да расте и да го надмине претходниот рекорд од 15 метри.

Мисисипи е најголемиот речен систем во САД и се` уште носи вода кон Њу Орлеанс, Луизијана.

Иако економската штета предизвикана од пролетните поплави е огромна, цената во човечки животи беше помала отколку во неодамнешните невремиња и торнада што минаа низ делови на американскиот југ. Тогаш загинаа околу 350 лица, а многу се` уште се водат исчезнати.

Корпусот инженери на американската армија - е ангажиран во напорите за санирање на проблемите од вонредната ситуација вели дека на одредени локации регистрирани се 600 проценти поголеми врнежи од дожд од нормалата и тоа е една од главните причини што се случуваат овие поплави. Но зимава имаше и огромни снежни врнежи, а снегот почна да се топи истовремено со почетокот на дождовната сезона пред неколку недели.

Градот Каиро лоциран на устието на реките Мисисипи и Охајо на јужниот дел на сојузната држава Илиноис, беше најсилно погоден, со евакуирани околу 2.800 жители.

За да се спаси градот, армискиот корпус урна цел насип на реката Мисисипи поплавувајќи земјоделски посед во соседната држава Мисури. Бирото за фарми од Мисури проценува дека штетата направена на земјоделското земјиште е преку 100 милиони долари.

Но фармите не се единствените жртви. Стотици луѓе не можат да се вратат на работа бидејќи индустриите претрпеле штета од поплавите. Надлежните предупредуваат дека напорите за санирање на последиците можно е да потраат уште неколку недели, време за кое Мисисипи нема да се врати во коритото.

XS
SM
MD
LG