Поплавите, силните бури и торнада, однесоа најмалку четири човечки животи во среднозападниот дел на САД, а предизвикана е и голема материјална штета, соопштија властите.
Предупредувања за поплави беа издаде за делови во девет сојузни држави, а бројни области прогласија и вонредни состојби, особено заради фактот што помали градови долж реката Охајо се под вода.
Во најмалку две торнада викендов во Арканзас и Тенеси, беа уништени десетици домови.
Метеоролозите и за оваа недела предвидуваат облачно и влажно време со повисоки температури од просекот, за овој дел на САД.
Предупредувања за поплави за одредени делови во девет сојузни држави
Facebook Forum