Линкови за пристапност

Авионите дозволуваат користење на електронски направи


Федералната администрација за авијација ги олеснува правилата за користење електронски направи за време на летовите.

Сите патници во САД наскоро ќе можат да ги користат своите електронски апарати речиси за време на целиот лет, иако повици на мобилните телефони и натаму ќе бидат забранети.

Со децении, авионските патници требаше да ги исклучат сите електронски апарати, вклучувајќи ги и паметните телефони, таблет компјутерите и други направи, кога вратите на авионот се затворени во подготовка за полетување.

Но официјални лица а безбедност во воздушниот сообраќај на САД во четврток кажаа дека ги релаксираат правилата, заклучувајќи дека таквите апарати не ја попречуваат навигацијата и комуникационите системи на модерниот авион.

Тајмингот на имплементирањето на промените е оставен на секоја авиокомпанија, но владината Федерална администрација за авијација кажа дека најголем дел од нив може да ги применуваат од крајот на годинава. На патниците ќе им биде дозволено да ги користат своите технолошки направи за читање, играње игри, гледање филмови и слушање музика.

Сепак, тие и натаму не ќе можат да пребаруваат на Интернет, да разменуваат електронски пораки и да превземаат информации кога авионите летаат под 3.000 метри.
XS
SM
MD
LG