Рибарските бродови коишто привремено го исклучуваат системот за следење на јавни места, будат сомневања дека вршеле незаконски риболов, според групата „Океана“.
Сопствениците на бродовите велат дека групата активисти се базира на погрешен систем за следење и дека владините регулатори ги следат преку посебен приватен систем.
Системот за автоматска идентификација, или АИС (AIS), емитува јавно достапен сигнал кој го носи името, локацијата, брзината и насоката на бродот. Неговата главна функција е да се спречат судири на море.
„Океана“ и партнерите го користат системот за следење на рибарски бродови за отктивање на нелегална активност. Тие го создадоа и онлајн системот за следење „Глобал фишинг воч“, во обид да ја зголемат транспарентноста во рибарската индустрија.
Во новиот извештај се презентирани студии на случаи на бродови кои ги исклучуваат своите АИС системи.
Таков случај имало со брод кој имал панамски ознаки и кој го исклучил својот АИС систем во западниот морски резерват Галапагос, заштитено подрачје каде што е забранет индустрискиот риболов, а 15 дена подоцна, источно од резерватот, ja уклучил направата која прима радио-сигнал, а потоа автоматски испраќа друг сигнал. Бродот потоа се упатил директно во пристаништето во Еквадор.
Во друг случај пак, брод којшто пловел под шпанско знаме, постојано го „снемувало“ од радарот на границата во националните води на Гамбија, во време кога договорот на Европската Унија го забранувала риболовот на територијата на Гамбија.
„Многу од овие западно-африкански крајбрежни држави во развој, ги немаат потребните ресурси, како полициска патрола во нивните територијални води“, вели ко-авторката на извештајот Лејси Маларки. Тие се потпираат само на податоците на АИС системот. „Бродовите што го исклучуваат својот систем, стануваат навистина голем проблем за нив“, вели таа.
АИС може да се исклучи ако безбедноста или безбедноста на бродот е изложена на ризик, како на пример во области каде што има пирати.
Од бродовите треба да се бара да ги известат властите, кога и зошто, тие се исклучуваат, рече Маларки.
Сопствениците на бродовите наведуваат дека АИС не е наменет да ја следи рибарската активност. Рибарските чамци се обврзани да носат транспондери на системот за следење на бродови, или ВМС, покрај АИС системот.
„Нашиот брод се надгледува 24 часа, 365 дена во годината преку опремата на ВМС специјално развиена за оваа намена“, вели Џон Зулуета, извршен директор на Атунса, една од компаниите со идентификуван брод во Океана.
Од „Океана“ велат дека владите треба да бараат од сите рибарски бродови да носат постојани и јавно достапни системи за следење.
Facebook Forum