Линкови за пристапност

Мали риби, голема работа


Мали риби, голема работа
Мали риби, голема работа

Можеби за вечера сте имале голема риба. Но, секоја голема риба што завршува на вашата трпеза, станала голема со јадење многу мали риби. Ако нема многу мали риби во океанот, ќе нема и големи риби. Затоа некои научници и менаџери во индустријата за рибарење, како и групи за заштита на средината, посветуваат големо внимание на риболовот на мали риби, а тоа риболовците ги прави нервозни.

Биологот Џен Замон никогаш не мислела дека дел од нејзината работа ќе биде предизвикување гаргара кај галебите и дека ќе ја направи среќна кога птицата ќе поврати.

Замон и нејзиниот тим од Националниот иститут за океански и атмосферски истражувања во Варентон, Орегон, сакале да знаат какви риби од реката Колумбија јадат овие птици.

Научниците се занимаваат со ова, но уште поважно е, се чини, за оние кои ја прават политиката за оваа индустрија. Во тој контекст, неодамна, Групата за заштита на животната средина Пју започна кампања за заштита на малите риби.

„Знаевме дека тоа беше следниот логичен чекор“, вели Пол Шивели, кој раководи со оваа кампања од Портланд, сојузната држава Орегон.

Прашањето се` повеќе добива на популарност. Научниците се` повеќе посочуваат на фактот дека треба да обезбедиме доволно храна во океаните, смета Шивели.

Еколозите се загрижени дека зголемувањето на глобалната побарувачка за морска храна и риба, ќе изврши притисок на опстанокот на малите риби. Пол Шивли од Групата Пју повикува на, предострожност:

„Не треба да чекаме на криза за да почнеме да размислуваме за ова. Со години ги следиме океаните и гледаме помор на риби. Треба да го промениме пристапот – да преземеме нешто пред да биде доцна, смета Шивели.

Боб Емет е советник во Федералната агенција за океански и атмосферски истражувања. Тој смета дека е рано за донесување на строга регулатива по ова прашање. Тој вели дека треба да се почека на повеќе информации за овие риби, вели тој.

Но, заштитата на малите риби станува актуелна и на ниво на поединечните држави во САД. Властите во Калифорнија работат на усвојување закон за промоција на менаџмент што е заснован на екосистемите во крајбрежните води на државата.

XS
SM
MD
LG