Американскиот претседател Барак Обама и конгресните лидери се на одвоена средба со двопартиска група на гувернери на сојузните држави за надминување на проблемот со националните владини трошоци и даночни прашања.
САД се соочени со тоа што Вашингтон го нарекува „фискална бездна“, 600 милијарди долари кратење на трошоците и зголемување на даноците што ги засега речиси сите Американци во работен однос, што треба да влезе во сила на 1 јануари. Обама бара 1.6 трилиони долари во нови даноци во текот на следната деценија за да го стави под контрола долгот, додека неговите републикански противници во Конгресот нудат 800 милијарди зголемени даноци.
Но Белата куќа и републиканските лидери до сега не можеа да постигнат компромис и ги отфрлаат плановите на другата страна.
Некои финансиски аналитичари предвидуваат дека Обама и Конгресот нема да постигнат договор до крајот на годината, што земјата ќе ја втурне во втора рецесија за три години.