Линкови за пристапност

Разговори за „фискалниот гребен“


Гајтнер на средба со законодавци во Конгресот за избегнување на финансиската криза

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер во четврток ќе биде на Капитол Хил за разговори со републиканските лидери додека Белата куќа и Конгресот работат на избегнување на финансиската криза која би се случила на крајот на годината.

Мандатните намалувања на трошоците од 600 милијарди долари на клучни одбранбени и домашни програми, заедно со повисоки даноци за повеќето Американци треба да влезат во сила на 1 јануари, освен доколку лидерите постигнат компромис по нов финансиски план.

Гајтнер, главниот преговарач на претседателот Обама во разговорите, ќе се сретне со спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер, претседателот на Комисијата за буџет на Претставничкиот дом Пол Рајан и лидерот на сенатското малцинство Мич Меконел, како и со демократските лидери Хари Рид и Ненси Пелоси.

Една фокална точка на финансиските разговори е дали да се продолжат даночните скратувања за сите даночни обврзници кои треба да истечат на крајот на годината.
XS
SM
MD
LG