Линкови за пристапност

Најмалку двајца мртви и уништени пет градови при пожари во Орегон


Ова би можело да биде најголема загуба на човечки животи и имот во историјата на сојузната држава како последица на шумски пожари, рече гувернерката

Гувернерката на Орегон Кејт Браун вели дека сојузната држава ја зафатиле невидени пожари со тешки последици, при кои загинале најмалку две лица, а уништени биле над стотици домови.

Браун рече дека повеќе од 121.000 хектари површина изгорела низ државата, што е еквивалентно на повеќе од 1.294 квадратни километри.

Таа соопшти дека пет градови биле значително уништени, очекувајќи уште повеќе штета во наредниот период.

„Ова би можело да биде најголема загуба на човечки животи и имот во историјата на сојузната држава, како последица на шумски пожари“, рече Браун.

Пожарите избувнаа во понеделникот и се проширија низ државата, пропратени со силни ветрови со брзина од 120 километри на час.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG