Нови шумски пожари ја зафатија Калифорнија за време на продолжениот празничен викенд за Денот на трудот, објави Асошиетед прес.
Најголемиот снабдувач со електрична енергија во Калифорнија ја исклучи струјата на 172.000 корисници за да спречи евентуални нови шумски пожари.
Метеоролозите прогнозираат силни ветрови во наредните два дена, поради што е зголемена опасноста од ширење на огнот.
Без струја ќе останат 22 округа во централниот и северниот дел на Калифорнија. Прекинот на снабдувањето ќе трае до среда навечер.
Два од трите најголеми пожари во историјата на оваа сојузна држава го зафатија крајбрежјето на Сан Франциско. Повеќе од 14.000 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, а околу дваесетина други се распоредени во други делови на Калифорнија.
Опасноста е голема и во јужниот дел на Калифорнија, каде нови пожари избувнаа во окрузите на Лос Анџелес, Сан Бернандино и Сан Диего.
Шумските служби на САД во понеделникот ги затворија сите осум национални шуми во регионот.
Facebook Forum