Ветерот го рашири пожарот низ два крајбрежни градови во источниот дел на САД, помалку од една година откако Суперневремето Сенди ги остави истите населби во урнатини.
Властите велат дека пожарот започнал во четврток попладне во една од продавниците на шеталиштето во Сисајд парк, и брзо се проширил во соседниот град Сисајд Хајтс, во Њу Џерси. Повеќе од 30 бизниси биле уништени пред пожарот да се стави под контрола иако се јавува само за мали повреди.
Двете заедници минаа низ тешко време опоравувајќи се од уништувањето оставено по невремето што личеше на ураган, Сенди, минатиот октомври. Населбите повторно беа изградени на време за сезоната на годишни одмори, за сега повторно тоа да биде уништено од оган.
Гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, го посети местото.