Линкови за пристапност

Човечкиот фактор – главна причина за поголемиот број пожари во САД


Нова студија сугерира дека тоа дополнително придонесува на вообичаената сезона на шумски пожари

Нова студија наведува дека повеќе од 80 проценти од пожарите во САД се предизвикани од човечки фактор, и дека глобалното затоплување ја прави ситуацијата уште полоша.

Истражувачите од Универзитетот на Колорадо велат дека човечката активност предизвикува пожари надвор од вообичаената сезона на шумски пожари.

Подметнувањето на пожари, несовесното пушење на цигари, палењето оган за време на кампувањето и неисправната опрема се главните причини за пожари предизвикани од човекот.

Природните пожари започнуваат со удар на гром, но ако површината на земјата е влажна, пламенот нема да се прошири.

Но, експертите велат дека потоплите и посувите услови предизвикани од климатските промени ја зголемиле веројатноста дека мал оган може да прерасне во голем деструктивен пожар.

XS
SM
MD
LG