Линкови за пристапност

Времето помага против пожарите во Шпанија и Португалија


Властите велат дека пожарите биле предизвикани од пиромани

Дождовите и ниските температури им помагаат на пожарникарите во Португалија и шпанскиот регион Галиција во борбата со шумски пожари во кои загинаа најмалку 40 лица.

Властите во Португалија соопштија дека пожарите се ставени под контрола, додека во Шпанија пожарите се` уште загрозуваат населени места.

Португалија е во тридневна жалост.

Ветровите од ураганот Офелија ги разгореа пожарите за кои официјални лица од двете држави велат дека биле подметнати.

„Тие се намерни пожари, предизвикани со умисла, предизвикани од луѓе кои знаеле што прават“, рече Алберто Нунез Феихо, раководител на владата на Галиција.

Министерот за внатрешни работи на Шпанија,

Хуан Игнасио Зоидо, на Твитер напиша дека неколку лица кои се поврзани со пожарите веќе се идентификувани. Апелираше до граѓаните кои имаа дополнителни информации да ги споделат со Националната служба за заштита.

Шумските пожари се годишен проблем во Португалија, каде силните ветришта од Атлантикот го прават проблемот посложен.

Во јуни, голем шумски пожар уби 64 лица и повреди 150. Научниците велат дека климатските промени ја продолжиле сезоната на шумски пожари од два до пет месеци.

Пожарите беа предизвикани од „повисоки, од просечните температури за сезоната и кумулативниот ефект на сушата, кој трае од почетокот на годината“, рече портпаролката на Агенција за цивилна заштита на Португалија, Патриша Гаспар.

XS
SM
MD
LG