Линкови за пристапност

Пожарите во Калифорнија ја земаа првата жртва


Пожарникарите во Калифорнија жалат за загубата на нивен колега, во време кога ја продолжуваат борбата со еден од најголемите шумски пожари во историјата на сојузната држава.

Во справувањето со огнената стихија вчера загина 32-годишен пожарникар. Официјален претставник соопшти дека нема да ги коментира околностите, се` додека не се заврши истрагата за несреќата.

„Додека се справуваме со трагичната загуба, мораме да го задржиме фокусот на огнот кој продолжува да се шири. Заедниците што ги штитиме зависат од нас и ние нема да попуштиме“, рече началникот Кен Пимлот.

Пожарникарот загина во борбата против пожарот наречен „Томас“. Шумскиот пожарот започна пред две недели и изгоре површина од околу 98.000 хектари, а беа уништени и околу 730 домови во областите Вентура и Санта Барбара, северозападно од Лос Анџелес.

Овој пожарот беше изгаснат само 30 проценти, но спасувачките екипи успеаја да стават под контрола други поголеми пожари, во и околу Лос Анџелес.

Големите пожари во близина на Сан Франциско и Лос Анџелес се едни од најлошите во Калифорнија.

Експертите го обвинуваат глобалното затоплување, неодамнешната екстремна суша и топлите суви ветришта кои во Калифорнија се активни секоја есен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG