Линкови за пристапност

Изгоре најстариот музеј во Бразил со скапи артефакти


Покрај бразилските артефакти, во Националниот музеј во Рио де Женеиро биле сместени египетски и грчко-римски артефакти, фосили како и најстариот човечки скелет во Америка

Најстариот музеј во Бразил, 200-годишниот Национален музеј се запали неделата во кој изгореа вредни артефакти.

Бразилскиот претседател Мишел Темер рече дека загубите се „непроценливи“, додавајќи: „Ова е трагичен ден за Бразил. Двесте години работа, истражување и знаење се изгубени во еден миг“.

Според интернет страницата на музејот, повеќе од 20 илјади предмети поврзани со историјата на Бразил и други земји како и бројни предмети од кралското семејство во Бразил биле зафатени со пожарот.

Нема индикации дека има повредени или настрадани лица.

Пожарникарите првично биле спречени во обидот да го стават пожарот под контрола, бидејќи двата најблиски хидранти биле суви без вода. Портпаролот на противпожарната служба изјавил дека противпожарните камиони морале да наполнат вода од околното езеро.

Покрај бразилските артефакти, во Националниот музеј во Рио де Женеиро биле сместени египетски и грчко-римски артефакти, фосили како и најстариот човечки скелет во Америка.

Официјалните претставници на музејот изјавија дека само што ги завршиле системите за заштита од пожари, неколку дена пред тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG