Полицијата во Финска трага по неколкумина можни осомничени за нападот со нож, при што загинаа најмалку две лица, а најмалку шестмина други се повредени.
Инцидентот се случи во југозападниот крајбрежен град Турку.
Полицијата застрелала еден осомничен и го уапсила, предупредувајќи ги жителите да ја избегнуваат областа.
Веднаш потоа властите наредија зголемени безбедносни мерки на аеродромот во Хелсинки и железничките станици низ градот.
Финскиот премиер Јуха Сипила, истакна дека „владата внимателно ја следи ситуацијата во Турку и во тек е полициска операција“.
Надлежните не го потврдуваат бројот на жртвите и во моментов не е позната нивната здравствена состојба. Засега не е познат мотивот за нападот.
Турку се наоѓа на околу 140 километри западно од Хелсинки.
Facebook Forum