Линкови за пристапност

Со нова формула против лажни отисоци


Со нова формула против лажни отисоци
Со нова формула против лажни отисоци

Пред три години, жена од Кина илегално влегла во Јапонија со преправање на отисоците на прстите со цел да ги прелаже имигрантските службеници. Иако тоа беше прв документиран случај во Јапонија на биометрички криминал, криење на отисоците на прсти е во пораст во светот. Сега истражувачи на Универзитетот во Мичиген велат дека нашле начин да им помогнат на спроведувачите на законот брзо да идентификуваат преиначени отисоци.

Гризење на перничињата на прстите или хируршко заменување на отисоците на прстите на рацете со отисисоци на прсти од нозете може да звучи како драстична мерка. Но Анил Јаин, биометрички експерт и професор на државниот универзитет на Мичиген вели дека вакви работи стануваат се` повообичаени:

„Луѓе кои одат низ тој процес, што може да скап и болен, ова го прават за исклучително вредни сценарија, а не за кеширање на чек од 50 долари, на пример. Така, најмногу овој метод го користат луѓе кои бараат азил во САД и во Европа, но кои заради криминална историја многу веројатно би биле одбиени.”

Популарни криминални драми направија многумина да веруваат дека е лесно да се идентификува лицето преку отисоци на прсти. Во реалноста, не е лесно. Број на фактори можат да го отежнат идентификувањето: кога се внесуваат погрешни информации, кога дел или цели отисоци се замачкани, и тн.

Многу малку истражувања се направени во оваа смисла. Постоечките софтвери може да ги алармираат надлежните дека квалитетот е слаб, но тоа не е од голема помош зашто многу преиначени отисоци се со добар квалитет.

Иако може да се чини дека е лесно да се забележат отисоци кои се преправани, проблемот е што некои дати на податоци се толку големи, што тоа не е практичен начин на откривање на фалсификати. Датотеката на FBI на пример, има околу 70 милиони предмети. Тоа значи 700 милиони слики на отисоци ако секое лице има десет прсти. Не може рачно да се проверува дали некои од отисоците се лажни, вели Анил Јаин.

Нејзиниот тим дошол до алгоритам што им помага на софтвер системите да идентификуваат преправени отисоци.

Најважниот дел притоа е „minutiae“. Тој дел е завршницата на испапчениот дел на линијата.

Од типични отисоци, ние може да издвоиме 100 „minutiae“ на секој прст, велат тие.

Апликацијата не ги идентификува луѓето, туку само ги анализира. Јаин додава дека проблем е што издвојувањето на фалсификуваните инволвира и многу – погодување.

Освен тоа, различни експерти имаат различни стандарди за тоа што е лажен, а што оригинален отисок.

Има и сообраќајни несреќи кои може да доведат до промена на отисоците, но само на неколку прсти. Ако има промени на пет или повеќе прсти, многу е веројатно дека тоа е направено намерно.

Методите за преиначување на отисоците стануваат се` пософтицирани. Во 1934, озлогласениот ограбувач на банки Џон Дилинџер ги изгорел своите отисоци на прсти со киселина. Експертите сега велат дека криминалците на денешницата прават се` од сечење во форма на Z, до заменување на капачињата на кожата на прстите, па до креирање на привремени силиконски слоеви, па дури и трикратни промени на отисоците.

Новата апликација на Мичиген Стејт Универзитетот е лиценцирана на Морфо, водечка фирма за биометричка идентификација со седиште во Париз. Компанијата ги обезбедува софтвер системите на многу светски агенции за спроведување на законот.

Додека се чека на нивната широка достапност на пазарот, тимот во Мичиген работи на развивање алгоритми со кои ќе може да се откријат оригиналните отисоци од оние кои се променети.

XS
SM
MD
LG