СКОПЈЕ – Владата на денешната седница го усвои деветтиот пакет антикризни мерки кој ќе тежи 662 милиони евра а ќе биде наменет за помош на граѓаните, компаниите и стопанството. Антикризниот пакет се содржи од 26 мерки со кои се опфатени ученици, пензионери, граѓани од ранливите категории, приватниот и јавниот сектор и земјоделците. Од Владата потенцираат дека средствата за исплата на антикризните мерки се обезбедени и предвидени во предлог Буџетот за 2024 година и во нив ќе се вклуат сите пари кои се наплатени од „Солидарниот данок“
Мерките стапуваат на сила на 1 декември и ќе траат меѓу пет и седум месеци во зависност од мерката и намената.
„Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 704 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании. За мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците издвоени се во износ од 156 милиони евра“, изјави преиерот Коавчевски на прес конференција по владината седница.
Корисниците на надмосеток заради попреченост во наредните пет месеци ќе добијат по две илјади денари помош, а истата сума ќе им биде исплаќана и на родителите на деца со пореченост до 26 години и на самохраните родители кои се корисници на гарантираната минимална помош.
„Со оваа мерка се опфатени 16.741 граѓани, со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра“, појасни премиерот Ковачевски.
Кога станува збор за пензионерите, со мерките се таргетирани оние со минимална пензија или пензии до 19 илјади денари. Мерката и во овој случај ќе трае пет месеци од декември до месец април.
Пензионерите кои имаат пензија до 14 илјади денари ќе добиваат по три илјади денари месеци, панезинарите кои се во категоријата од 14 до 16 илјади денари ќе добијат помош од две илјади денари додека пензионерите чија пензија е во рангот од 16 до 19 илјади денари ќе добиваат помош од 1.500 денари месечно. Со оваа мерка се опфатени околу 187 илјади приматели на пензија и за неа ќе се одвојат вкупно 35 милиони евра.
Пет илјади семејства ќе поделат околу еден милион евра преку антикризната мерка која се однесува на програмата за енергетската сиромаштија.
Кога станува збор за учениците средношколците и студентите, помошта ќе се реализира преку субвенции за оброк или транспорт а ќе бидат опфатени околу 105 илјади деца кои се од социјално ранливите категории или пак нивните родители имаат вкупни месечни примања пониски од 50 илјади денари. За основци се субвенционира оброкот во висина од 1.200 денари, додека за средношколците во висина од 1.800 денари и мерката ќе биде на сила до крајот на учебната година а за неа се одвоени 14,3 милиони евра од Буџетот.
Министерот за финансии, Фатмир бесими, е дециден дека парите се обезбедени и деа нема да се земаат кредити.
„Ова се финансира од приливи од јавни давачки уплатени од граѓаните и стопанството и се редистрибуираат како поддршка на раниливите категории и стопанството“, рече Бесими.
Кога станува збор за субвенции за транспортот тие ќе траат до месец јуни поради студентите а 15 илјади студенти во наредните 7 месеци ќе добиваат месечно до 1.200 денари за да ги покријат трошоците.
За 40 илјади земојделци се предвидени 8,1 милиони евра со авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата.
Владата че продолжи да ги субвенционира сметките за потрошена електрична енергија на над 600 илјади домаќинства и 68 илјади микро и мали компании за што ќе се потрошат 35 милиони евра додека субвенциите за сметките за парно греење на 63 илјади домаќинства во Скопје ќе се субвенционираат со 7,4 милиони евра.
Владата нуди помош и во приватниот сектор, па така Владата со 15 милиони евра ќе ги субвенционира придонесите со што смета дека ќе се зголемат платите меѓу три и девет илјади денари.
„ Се ослободува од плаќање на придонеси за здравствено осигурување и кон ПИОМ а мерката ќе може да ја користат за вработените на кои во последните три месеци им се исплатени до една и пол просечна плата“, објасни премиерот Коавчевски.
Тој повтори дека во март ќе има зголемување на минималната плата од две илјади денари кое ќе повлече линеарно усогласување како и покачување на платите во септември но согласно колективните договори.
„Регресот за годишен одмор, или К-15, ќе се зголеми на 30 отсто од просечната плата во државата. милиони евра се обезбедени за зголемувањето на платите во јавниот сектор врз основа на Општиот колективен договор, односно пораст на платата за 10% и исплата на регрес од 10.000 денари за годишен одмор. За истата мерка која предвидува покачување на платите, во 2024 година се предвидени 150 милиони евра“, рече Ковачевски.
Според премиерот антикризните мерки се скроени за граѓаните и немаат никаква допира точна со претстојните претседателски и парламентарни избори бидејќи дел од нив ќе завршат пред тоа.