Линкови за пристапност

Финансиска писменост


Нова студија најде дека двајца од тројца возрасни луѓе во светот се финансиски неписмени.

Истражување на Галуп што вклучило 150.000 лица во 148 земји, поставило прашања за ризикот, инфлацијата и каматата.

Истражувачи од Светска банка и Универзитетот Џорџтаун во САД ги анализирале податоците и нашле дека повеќето од анкетираните дале погрешен одговор барем на половина од прашањата. Мажите за некој процент имале подобри резултати на тестот од жените.

Испитаниците од Скандинавските земји имале најдобри резултати, седум од десет анкетирани одговориле точно на прашањата. На дното на листата се испитаниците од Јемен, Албанија и Авганистан кадешто само еден од седум испитаници го положиле тестот.

Жителите на САД се на неимпресивното 14-то место на листата, со 57 проценти од испитаниците кои го положиле краткиот тест. Затезната камата е она за кое Американците имале најмалку познавање.

Авторите на студијата го објаснуваат ова анкетирање како најкомпетентно мерило за финансиска писменост кај луѓето направено до сега.

Познавањето на финансиите прават разлика во животот кај луѓето, покажува друго истражување направено од Универзитет во Канзас. Оние луѓе кои имаат познавања во ова поле имаат поголеми шанси да заштедат пари и помали шанси да имаат долгови.

XS
SM
MD
LG