Американскиот Сенат усвои легислатива за коренита реформа на Вол Стрит – најголема реорганизација на регулативите во американската финансиска индустрија од времето на Големата депресија од 1930-те.
Сенатот со 59 гласови „за“ и 39 „против“ истовремено му додели голема политичка победа на претседателот Барак Обама, кому регулирањето на големите банки му беше еден од приоритетите во домашната политика.
Сенатската верзија на легислативата е различна од онаа што Претставничкиот дом ја усвои во декември. Разликите сега мора да бидат расчитени пред конечната верзија да се најде на потпис кај претседателот Обама. Клучни конгресни претставници предвидуваат дека тоа би можело да се слули до 4-ти јули
Легислативата има за цел да стави крај на ризичниот начин на работење на финансиските фирми, што и се смета дека ја предизвика финансиската криза. Таа истовремено ја зајакнува и заштитата на обичните потрошувачи.
Банките се жалат дека новите правила ќе наштетат на нивниот профит. Претседателот Обама, пак, изјави дека реформата ќе направи финансиските фирми да станат одговорни за постапките, но дека тоа нема да го закочи слободниот пазар.
Обама коментираше дека целта не е да се казнат банките, туку да се заштити пошироката економија и американскиот народ од кризи како последната. Тој кажа и дека лобисти од финансиската индустрија се обиделе да ја спречат мерката, но не успеале.