Линкови за пристапност

Филипче: првомајскиот викенд да биде со забрана за движење


Филипче: првомајскиот викенд да биде со забрана за движење
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00

Филипче: првомајскиот викенд да биде со забрана за движење

Продолжениот првомајски викенд да биде со забрана за движење, слично како за велигденските празници. Таков е предлогот на Комисијата за заразни болести до Владата.

Предлогот е забраната да биде од четврток навечер до понеделник наутро.
Венко Филипче, министер за здравство


На денешната седница на централниот кризен штаб министерот за здравство го пренел ставот на мнозинство експерти од Комисијата кои се согласуваат дека има потреба од рестриктивни мерки за претстојниот викенд. Владата утре ќе решава за предлозите и за тоа од кога ќе почне полицискиот час.

„Предлогот на комисијата за зразни болести, кој се уште не е дефинитивен зашто за него утре ќе се дискутира на Влада, е да биде од четврток навечер до понеделник сабајле. Но, тоа е само предлог, утре владата ќе пресече“ вели Венко Филипче, Министер за здравство.

Секое ограничување кое ќе биде построго и поригирозно негативно ќе се одрази на граѓаните.
Наќе Чулев, министер за внатрешни работи


Наспроти ставот на експертите, шефот на МВР, кој е од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба пак да се носи тридневна забрана за движење.

„Во пресрет на продолжениот викенд за 1 Мај, сметам дека Владата треба да донесе одлука која ќе биде идентична на изминатиот викенд. Секое ограничување кое ќе биде построго и поригирозно негативно ќе се одрази на граѓаните“ – напиша Наќе Чулев на социјалните мрежи.

„Видов некои реакции на министерот Чулев, сметам дека не треба да станува збор за лично мислење зашто сите овие мислења се темелат на стручните мислења на експертите од Комисијата за заразни болести. Никој не би сакал да седи дома затворен 3 дена, но има причина зошто е тоа така“ изјави Венко Филипче, Министер за здравство.

Министерството за здравство денеска информираше за 53 оздравени лица, 4 починати и потврдени 13 нови случаи на заразени со што бројката достигна 1.399 инфицирани.

XS
SM
MD
LG