Линкови за пристапност

Филаделфија го победи Канзас Сити во Супербол


Супербол - Филаделфија Иглс - Канзас Сити Чифс
Супербол - Филаделфија Иглс - Канзас Сити Чифс

Филаделфија Иглс доминираа над Канзас Сити Чифс во овогодинешниот Супербол, победувајќи ги актуелните шампиони со резултат 40 спрема 22.

Чифс беа малку фаворизирани да победат во натпреварот, влегувајќи во пресметката во американскиот фудбал со надеж дека ќе ја освојат својата трета последователна титула во Националната фудбалска лига.

Но, Иглс ги држеа Чифс без поени до крајот на третата четвртина. Дотогаш, тимот на Филаделфија веќе имаше 34 поени на таблата на Цезар Супердом во Њу Орлеанс.

Квотербекот на Филаделфија Иглс, Џејлен Хуртс, беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот.

Претседателот Доналд Трамп присуствуваше на оваа средба, првиот актуелен претседател на САД што го направи тоа. Пред почетокот на играта, претседателот издаде соопштение за медиумите во кое изјави дека „фудбалот е најпопуларниот спорт во Америка — со добар повод — тој поттикнува чувство на национално единство, зближувајќи ги семејствата, пријателите и фановите и ја зајакнуваат заедницата“.

Претседателот на САД Доналд Трамп - СУПЕРБОЛ - ЧИФС - ИГЛС
Претседателот на САД Доналд Трамп - СУПЕРБОЛ - ЧИФС - ИГЛС

„Оваа годишна традиција ги надминува нашите разлики и ја претставува нашата заедничка патриотска вредност на семејството, верата и слободата, кои херојски се бранат од нашите воени службеници, полицајци и први одговорители“, истакна тој.

Се проценува дека Супербол ќе привлече повеќе од 120 милиони гледачи, а рекламите од 30 секунди чинат рекордни 8 милиони долари.

Пред почетокот, на церемонијата им беше оддадена почит на загинатите и ранетите во новогодишниот терористички напад со камион во Њу Орлеанс на улицата Бурбон, како и на лицата кои први реагираа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG