Висок претставник на услужна компанија инволвирана во Светското фудбалско првенство бил уапсен во Бразил во врска со истрагата за илегалното препродавање на билети за шампионатот.
Реј Велан, директор на Match Services, бил приведен во понеделник во хотелот Палата Копакабана во Рио де Жанеиро. Компанијата-ќерка Match Hospitality, давала услуги на корпоративни интереси на Светското првенство, вклучувајќи гратис-билети за различни натпревари.
Обвинителите велат дека името на Велан се појавило многупати во илјадници снимки на телефонски разговори што довеле до апсење на 11 други луѓе обвинети за учество во измамата. Ламин Фофана, раководител на компанија за спортски маркетинг со седиште во САД бил меѓу уапсените.
Полицијата вели дека препродавачкиот синџир направил 450.000 долари од игра со наплатување на гратис-билети.
Велан е соочен со најмалку четири години затвор доколку биде најден за виновен.