Линкови за пристапност

ФИФА одлучува на 20 јули: Дали Израел ќе добие суспензија од меѓународниот фудбал?


За време на конгресот на ФИФА во Бангкок во мај, палестинската делегација, поддржана од Азиската фудбалска конфедерација и други, повика на суспензија на Израел
За време на конгресот на ФИФА во Бангкок во мај, палестинската делегација, поддржана од Азиската фудбалска конфедерација и други, повика на суспензија на Израел

Војната на Израел во Газа придонесе некои критичари на израелската офанзива да повикаат на суспензија на еврејската држава од меѓународното фудбалско раководно тело ФИФА. Известува Јуни Салим.

Меѓународното раководно тело на фудбалот ФИФА, треба да донесе одлука до 20-ти јули за предлогот за суспендирање на Израел од меѓународниот фудбал.

За време на конгресот на ФИФА во Бангкок во мај, палестинската делегација, поддржана од Азиската фудбалска конфедерација и други, повика на суспензија на Израел.

Израел се соочува со можна суспензија од ФИФА
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Џастинус Лаксана е фудбалски коментатор со седиште во Џакарта, Индонезија.

„Ако е можно, забраната треба да се воведе веднаш за Израел да ги прекине своите напади (во Газа)“, вели Лаксана и додава дека ФИФА суспендирала тимови и порано, последен пат во 2022 година.

„Пред ова, кога Русија влезе на украинска територија, територија на друга земја, Русија беше суспендирана“, посочува Лаксана.

Забраната треба да се воведе веднаш за Израел да ги прекине своите напади
Џастинус Лаксана, фудбалски коментатор

Додека нешто повеќе од 140 од 193 земји на Обединетите нации ја признаваат Палестина како држава, палестинската фудбалска асоцијација е членка на ФИФА од 1998 година.

Делегацијата на Израел ги отфрли повиците за суспендирање на нивната фудбалска федерација како политички мотивирани и оти предизвикуваат поделби.

И некои аналитичари го доведуваат во прашање повикот да се суспендира Израел, а не други земји.

„Каде се дискусиите за Судан? Каде се дискусиите за Етиопија? Има многу други места во светот каде всушност, знаете, бројот на загинати е многу поголем“, прашува Мајкл Барнет од Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Суспензијата на Русија од страна на ФИФА ја спречи репрезентацијата да учествува на Светското првенство во Катар во 2022 година. Русија, исто така, беше блокирана од турнирот на Унијата на европски фудбалски асоцијации Еуро 2024 овој месец. Забраната за Израел ќе го спречи да се натпреварува на Светското првенство во фудбал во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

XS
SM
MD
LG