Американски медиуми известуваат дека правниците во Одделот за правда препорачуваат да не бидат поднесени федерални обвиненија за прекршување на граѓанските права спрема полицаец во случајот на убиство на невооружен црн тинејџер во Фергусон, Мисури, минатата година.
Њујорк Тајмс вели дека адвокатите подготвуваат законско мислење за генералниот обвинител Ерик Холдер во случајот против Дарен Вилсон, кој го уби 18-годишникот Мајкл Браун во јули, по улична конфронтација.
Официјални лица велат дека истрагата на ФБИ по инцидентот не нашле доказ дека Вилсон намерно сакал да ги прекрши правата на Браун кога пукал во него.
Вилсон беше ослободен од обвинение за смртта на Браун минатиот ноември од државната голема порота, одлука што големи протести во малата населба близу Сент Луис, со мнозинско црно население.