Линкови за пристапност

Големата порота реши да не биде покренато обвинение


Демонстрант пред облак од солзавец на нередите што избија во Фергусон кусо време откако беше соопштена одлуката на Големата порота
Демонстрант пред облак од солзавец на нередите што избија во Фергусон кусо време откако беше соопштена одлуката на Големата порота

Протести и нереди во Фергусон по одлуката за случајот од август во којшто Дарен Вилсон, полицаец - белец, смртно го застрела невооружениот тинејџер - црнец Мајкл Браун.

По неколкумесечно разгледување на докази и сведочења, Големата порота во Мисури одлучи да не биде покренато обвинение против Дарен Вилсон, полицаецот - белец којшто смртно го застрела невооружениот тинејџер - црнец Мајкл Браун за време на улична конфронтација во август годинава.

Обвинителот на Општината Сент Луис, Роберт П. Мекулоу
Обвинителот на Општината Сент Луис, Роберт П. Мекулоу

Одлуката беше соопштена понеделникот навечер, по денови на неизвесност и напнатост во оваа сојузна држава во централниот дел на САД.

„По исцрпно разгледување на деталите, поротниците одлучија дека не постои веродостојна причина да се покрене обвинение против Вилсон“, изјави обвинителот на Општината Сент Луис, Роберт П. Мекулоу.

Сцени од вечерашните нереди во Фергусон (Фото: Кејн Фарабоу, Глас на Америка)
Сцени од вечерашните нереди во Фергусон (Фото: Кејн Фарабоу, Глас на Америка)

Очекувајќи ја одлуката, стотици луѓе се собраа во Фергусон, каде беше застрелан 18-годишниот Браун. Ситуацијата беше напната. Некои демонстранти носеа транспаренти на коишто пишуваше - „Доживотен затвор“. Веднаш откако беше соопштена одлуката, во градот

Фото: Ројтерс
Фото: Ројтерс

избувнаа протести. Полицијата употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите. Дел од оние коишто протестираа нападнаа полициски возила и локални

Фото: АП
Фото: АП

бизниси, но засега нема податоци за жртви.

Вечерва се одржуваат демонстрации и во многу други градови во САД.

Мекулоу вечерва кажа дека поротниците

Фото: АП
Фото: АП

проследиле над 70 часа на сведочење и разгледале исцрпен доказен материјал. Тој најави дека истиот ќе биде објавен веднаш по прес-конференцијата на којашто ја соопшти

Фото: АП
Фото: АП

одлуката на поротата. Тој ги пофали поротниците затоа што ја исполниле „оваа монументална одговорност“ и ја истакна „исклучителната соработка“ меѓу федералните истражители и локалните власти. Обвинителот упати сочувство до семејството на Браун и ја заврши изјавата со зборовите дека се приклучува на родителите на загинатиот тинејџер во повикот до сите да продолжат со демонстрацииите, да продолжат со дискусијата, но да го прават тоа на конструктивен начин.

Претседателот Обама се обрати до нацијата кусо време откако беше соопштена одлуката на Големата порота
Претседателот Обама се обрати до нацијата кусо време откако беше соопштена одлуката на Големата порота

Откако беше соопштена одлуката на поротата, семејството а Браун издаде соопштение во коешто изрази „длабока разочараност“.

Адвокатите на полицаецот Вилсон коментираа дека поротата постигнала согласност дека тој постапил во рамки на законот и правилата за полициските процедури.

Американскиот претседател Барак Обама во кусото ТВ-обраќање истакна дека се приклучува на родителите на Браун „во повикот сите коишто протестираат, тоа да го прават на мирен начин“. Обама го цитираше таткото на Браун: „Не е одговор да се повредат други лица или да се уништува имотот. Не сакам смртта на мојот син да биде попусто“.

XS
SM
MD
LG