Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за четвртина процентен поен денес, наведувајќи ја сè уште зголемената инфлација како образложение за она што сега е највисоката стапка на политиката на американската централна банка во последните 16 години.
Зголемувањето на каматните стапки, ја постави реперната каматна стапка преку ноќ во опсегот од 5,25%-5,50%, а придружната изјава ја остави вратата отворена за уште едно зголемување.
„Комитетот (Федералниот отворен пазар) ќе продолжи да ги проценува дополнителните информации и нивните импликации врз монетарната политика“, рекоа Федералните резерви на САД чија изјава е малку променета од онаа од јуни.
Тогаш Федералните резерви на САД соопштија дека ќе ги следат дојдовните податоци и ќе го проучат влијанието на зголемувањето на стапката врз економијата „во одредувањето на степенот на дополнително зацврстување на политиката што може да биде соодветно“ за да ја достигне целта за инфлација од 2%.
Иако податоците за инфлацијата од состанокот на Банката на федерални резерви во јуни се послаби од очекуваното, креаторите на политиката не се подготвени да го променат својот став додека не дојде до поголем напредок во намалувањето на ценовните притисоци.
Извор: Ројтерс