Линкови за пристапност

Централната банка уште еднаш ја намалува директната поддршка за економијата на САД


Целта на директната помош беше да го поттикне растежот додека економијата се опоравува од рецесијата.

Американската централна банка продолжува да го намалува својот директен стимуланс на американската економија, што е најголема во светот.

Креаторите на политиката од Федералните резерви во среда кажаа дека ќе ги намалат средствата за купување уште еднаш следниот месец, чија цел е држење на каматните стапки на ниско ниво и поттикнување на растежот на работни места. Тие кажаа дека невообичаено снежното и студено време ја забавило економијата на САД оваа зима, но дека има „доволно цврста подлога“ во економијата да ги поттикне работодавците да додадат повеќе работници на нивните платни списоци наредните месеци.

Банката минатата година купуваше имот од 85 милијарди долари месечно во напор да го забрза опоравувањето од рецесијата во 2009-та, што беше најлоша за државата од 1930-те.

Но по дводневен состанок во Вашингтон, официјалните лица на Централната банка решија дека купувањето се намалува на 55 милијарди долари во април, од сегашните 65.

Ова беше прва средба на Банката под раководство на Џенет Јелен , која е првата жена на чело на банката во нејзината еден век долга историја.
XS
SM
MD
LG