Линкови за пристапност

Американската економија „паузирала“


„Федералците“ решија да продолжат со напорите за стимулирање на економијата.

Врвни претставници на американската централна банка велат дека економијата „паузирала“ последниве месеци.

Затоа Федералните резерви решиле да продолжат со напорите за стимулирање на економијата. Таа програма инволвира купување 85 милијарди долари вредни обврзници месечно, и е со цел да се намалат долгорочните каматни стапки. Банката исто така ги држи краткорочните каматни стапки на рекордно ниско ниво каде што се веќе подолго време.

Акцијата на Федералните резерви доаѓа на ист ден кога е објавена студија која покажува дека американската економија се намалила во последните три месеци од 2012. Владините стручњаци слабеењето го објаснуваат со намалувањето на владините трошоци, намалување на извозот и „хибернацијата “ на бизнисите кои не работат со голем инвентар.
XS
SM
MD
LG