Светот низ фотографии
06 фeвруари, 2023 година

1
Шумски пожар зафати области во Дихато, во близина на Консепсион, Чиле. Ова е една од најтешките природни катастрофи во земјата во изминатите години, бидејќи бројот на загинати се искачи на најмалку 24, а речиси 1.000 други беа повредени.

2
Поглед од врвот на опсерваторијата во државниот парк Маунт Вашингтон во Њу Хемпшир, каде температурата падна на -105 ° F или (-79 ° C).

3
Еден човек ја носи својата ќерка во близина на патот каде има блокади од антивладините демонстранти кои бараат претседателката на Перу Дина Болуарте да се повлече.

4
Традиционални танчери настапуваат за време на годишниот фестивал „Навам Маха Перахера“ во будистичкиот храм Гангарамаја во Коломбо, Шри Ланка.