Светот низ фотографии
21 февруари, 2023 година
1
Луѓето се засолнуваат во метро станица која се користи како засолниште за време на воздушeн напад во Киев, Украина.
2
Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Украина Володимир Зеленски по нивната посета на Ѕидот на сеќавањето за да им оддадат почит на убиените украински војници во Киев.
3
Луѓето ја отстрануваат калта од поплавената куќа откако поројниот дожд предизвика поплави и лизгање на земјиштето во Сао Себастијао, Бразил.
4
Израелците протестираат против плановите на новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху за судскиот систем, во близина на Кнесетот, израелскиот парламент во Ерусалим.