Светот низ фотографии
17 февруари, 2023 година

1
Полицијата употреби солзавец кон приврзаниците на опозицискиот лидер Усман Сонко откако тој го напушти Трибуналот во Дакар, Сенегал.

2
Помош за луѓето од невладина организација, во импровизиран камп во градот Африн во бунтовничкиот дел од провинцијата Алепо, Сирија, по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.

3
Брод кој превезувал муслимани од Рохинџа е заглавен на плажата Лампанах, во провинцијата Ачех, Индонезија.

4
Демонстрант пред запалена банка за време на протест против неформалните ограничувања за повлекување готовина и влошувањето на економските услови во Бејрут, Либан.