Американскиот претседател Барак Обама вели дека висок претставник на администрацијата на републиканскиот претседател Џорџ В. Буш ќе служи како директор на ФБИ.
Обама формално ќе го номинира Џејмс Коми да го замени директорот на ФБИ Роберт Мулер.
Мулер ја водеше агенцијата од една недела пред терористичките напади на 11 септември 2001. Тој најави дека ќе замине во пензија есенва.
Коми беше на функцијата заменик главен обвинител за време на ерата на Буш.
Тој најверојатно е најдобро познат по одбивањето да одобри легални аспекти на домашната програма за шпионирање во 2004, додека служел вршител на должност главен обвинител за неговиот шеф Џон Ешкрофт, кој се опоравувал од операција.
Неговото одбивање натера двајца високи претставници на Белата куќа да се обидат да го натераат Ашкрофт да ја потпише програмата од неговиот болнички кревет.
Коми подоцна кажа дека инцидентот бил најверојатно најтешката ноќ во неговиот професионален живот.
Белата куќа вели дека Коми за време на неговата кариера „демонстрирал непоколеблива цврстина, интегритет и принципиелност“ во одбрана на безбедноста и вредностите на државата.