Поранешен професор на американски колеџ, кој неодамна беше ставен на озлогласената листа на ФБИ за најбарани криминалци, е уапсен во Мексико.
Властите велат дека Волтер Ли Вилијамс бил фатен доцна синоќа во јужниот град Плаја дел Кармен, само еден ден откако беше ставен на листата на ФБИ за „Десетте најбарани бегалци“. Шеесет и четиригодишникот е соочен со четири обвиненија кои се поврзани со сексуална злоупотреба и експлоатација на деца.
Вилијамс наводно отпатувал на Филипините во 2011 за да се ангажира во сексуални акти со 14-годишно момче што го сретнал на Интернет претходната година. Тој исто така се обвинува за правење експлицитни фотографии на едно од момчињата.
До 2011, Вилијамс бил професор по антропологија на Универзитетот на Јужна Калифорннија, каде неговото поле на проучување било развој на половите.