Линкови за пристапност

ФБИ ѝ кажало на кампањата на Харис дека е мета на влијание на странски актери


Имаме цврсти мерки за сајбербезбедност и не сме свесни за какви било безбедносни прекршувања на нашите системи кои произлегуваат од тие напори, рече претставник од кампањата
Имаме цврсти мерки за сајбербезбедност и не сме свесни за какви било безбедносни прекршувања на нашите системи кои произлегуваат од тие напори, рече претставник од кампањата

Изборната кампања на потпретседателката Камала Харис соопшти дека минатиот месец Федералното истражно биро (ФБИ) ја известило дека била „мета на операција за влијание на странски актери“, изјави претставник на кампањата.

„Имаме цврсти мерки за сајбербезбедност и не сме свесни за какви било безбедносни прекршувања на нашите системи кои произлегуваат од тие напори“, рече претставникот, додавајќи дека кампањата останува во комуникација со властите.

ФБИ не одговори веднаш на барањето за коментар.

Бирото во понеделникот соопшти дека истражува откако претседателската кампања на републиканскиот ривал Доналд Трамп соопшти дека била хакирана.

Кампањата на Трамп го обвини Иран и укажа на петочниот извештај од Мајкрософт, кој укажа дека хакери поврзани со иранската влада се обиделе да упаднат во профил на „висок функционер“ во претседателската кампања на САД во јуни.

XS
SM
MD
LG